Првакот на Македонија или шампионот на Косово ќе игра во групна фаза во Европа!

Македонскиот првак Шкупи беше елиминиран од квалификациите во Лигата на Европа, но останува со реални шанси за пласман во групна фаза во европско натпреварување. Шкупи продолжува со настап во плејофот од Конференциската лига, а вечерва го дозна и следниот ривал.

За европска есен, Шкупи ќе се бори со шампионот на Косово, екипата на Балкани. Косовскиот првак вечерва во драматичен меч, по подобро изведување на пенали го елиминира Клаксвик од Фарски Острови.

Во регуларниот дел Клаксвик вечерва победи со 2:1, но ако се знае дека Балкани на првиот дуел славеше со 3:2, јасно беше дека мора да се играат продолженија. Во дополнителните 30 минути немаше голови, па патникот за следната фаза се решаваше на пенали.

Во пенал-рулетот фудбалерите на Балкани беше подобра и победи со 4:3, со што си обезбеди двомеч против македонскиот првак Шкупи.

- Оглас -

Најнови вести