Првакот немаше милост: МЗТ лесно го „прегази“ Еуро Никел и го презеде врвот

Актуелниот кошаркарски првак на Македонија, МЗТ Скопје, оствари лесна победа над Еуро Никел, и тоа на гостински терен со 75:95.

Во мечот од седмото коло од разигрувањето, тимот од Аеродром ја оправда фаворитската улога, а до победата дојде благодарение на втората четвртина којашто ја доби со 14 поени разлика.

Најефикасен кошаркар на теренот беше Немања Милошевиќ со 18 уфрлени поени.

МЗТ со оваа победа дојде барем за кратко до првото место, и тоа со 54 бодови, но ќе се чека и мечот меѓу ТФТ и Пелистер, кој се игра утревечер, по што ќе се знае дали и ќе има промена на лидерското место по оваа рунда.

- Оглас -

Најнови вести