6.8 C
Skopje
вторник, 10 февруари 2026

Првата лига продолжува денеска, и тоа со големо дерби во Тетово

Со натпреварите Шкендија – Струга Трим Лум и Шкупи – Тиквеш, кои се играат од 14 часот, денеска продолжува Првата македонска фудбалска лига со своето прво коло од вториот дел од сезоната.

Големото дерби е во Тетово, дуел меѓу актуелниот првак и Струга, која беше шампион во сезоната пред тоа. Стружани се втори на табелата зад Вардар и имаат пет бода повеќе од третопласираната Шкендија.

Квотите во Sport Life велат дека тетовци се фаворити, но Струга има само еден пораз сезонава. Во септември во Струга дуелот на овие екипи заврши нерешено 1-1.

На дуелот на Шкупи и Тиквеш огромни фаворити се кавадарчани, а иако чаирчани се домаќини, поради нивните финансиски и организациски проблеми, средбата ќе се игра во Кавадарци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести