И официјално е познато кога ќе продолжи Првата македонска фудбалска лига откако ФФМ ги закажа натпреварите од 17-тото коло.
Првата лига продолжува идниот вторник, на 10 февруари со два натпревари, од кои едниот е јасно дека ќе се игра во Тетово. Шкендија на Градскиот стадион под Шара ќе го пречека составот на Струга, додека на вториот меч на 10 ќе играат и Шкупи против Тиквеш, но за овој натпревар не е познато каде ќе се одигра.
Следниот ден, на 11 февруари, Вардар го пречекува Арсими, а во Кратово се среќаваат Силекс и Башкими. Колото се затвора на 12 февруари со натпреварите Брера – Македонија ЃП, односно Пелистер – Работнички.
По есенскиот дел од првенството, лидер на табелата е Вардар со 42 бода, еден повеќе од Струга, додека третопласирана е Шкендија со 36 поени.


