Првата лига во Македонија почна со бункер систем, „паднаа“ само четири гола на пет меча

Македонската Прва лига почна скромно со само четири погодоци на пет меча од првото коло во новата сезона, а главните кандидати за титулата, Шкендија и Шкупи не победија.

Актуелниот првак Шкендија наиде на тврд орев и не успеа како гостин да го победи новакот во Лигата, Тиквеш. Кавадарчани беа домаќини во Прилеп и освоја голем бод со реми без голови.

Идентично беше и во Штип, каде Брегалница го сопре Шкупи во меч без голови. Двете скопски екипи, Македонија Ѓорче Петров и Работнички како домаќни славеа со по 1:0 против Пелистер, односно Борец, а два гола, најмногу во првото коло имаше само во Тетово, каде Ренова и Скопје ремизираа 1:1.

Вечерва од 20 часот се игра последниот меч од првото коло меѓу Академија Пандев и Струга Трим Лум.

 

- Оглас -

Најнови вести