Јирген Клоп е тренерот кој ќе остане запамтен како човекот кој го предводеше Ливерпул од првата шампионска титула по пауза од 30 години. Тренерот кој четири и пол години работи на „Енфилд роуд“, го одведе клубот до толку посакуваниот трофеј.
Неполн час по дефинитивното освојување на титулата, Клоп ја упати првата порака.
„Немам зборови, ова е неверојатно. Да се биде првак со овој клуб е фантастично. Кени Далглиш ова е за тебе, знам колку долго мораше да чекаш за титула. Ова е и за Стивен Џерард, ова е за сите навивачи на Ливерпул. Не сакав да го гледам мечот на Челзи со Манчестер сити, но не можев да издржам и го гледав. Беше многу неизвесно. Неверојатно е тоа што моите играчи го направија во изминативе две години и преубаво е да се биде нивен тренер. Ова е големо олеснување. Можеби мене не ми требаше да чекам 30 години, туку само четири и пол. Постоеше голема неизвесност што ќе биде со сезоната и пресреќен сум што ова е готово. Луѓе славете, ова е за вас. Само останете дома и славете“, рече Клоп.
https://twitter.com/i/status/1276268312868139009