Првото коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига донесе многу возбудувања и дури 20 погодоци на шест натпревари.
Без голови заврши само средбата во Кавадарци помеѓу Тиквеш и Работнички. Најпродуктивен беше натпреварот во Тетово, каде Шкендија убедливо го совлада Шкупи со 5-1.
Истиот број погодоци, по пет, беа постигнати и во триумфот на Вардар над Пелистер со 4-1 во Скопје, како и во убедливата победа на Силекс со 5-0 против АП Брера во Кратово.
Видео: ФФМ