Првата светска тенисерка елиминирана: Кенин против Мугуруса ќе игра за пехарот на ОП на Австралија

Американката Софија Кенин приреди изненадување во полуфиналето на ОП на Австралија елиминирајќи ја првата светска тенисерка Ешли Барти со 2-0 во сетови (7-6, 7-5). За Кенин ова е прв пласман во финале на еден Гренд слем, a за пехарот ќе се бори против шпанската тенисерка Габриње Мугуруса, која ноќеска ја елиминира Симона Халеп идентично по два сета со 7-6, 7-5.

Кенин и Барти најавија драматична пресметка уште во првиот сет, во кој двете тенисерки освојуваа гемови при свои сервиси. Во тајбрејкот Американката спаси две сет-топки на Барти, по што влезе во серија и поведе со 1-0. Првата рекетка поведе со 2-1 при првиот брејк на мечот, но во финишот загуби сили и наместо да израмни, Кенин оствари пресврт и по втората меч-топка се пласира во големото финале.

Неивесно беше и на средбата меѓу Халеп и Мугуруса, особено во тајбрејкот во првиот сет. Шпанката прво спаси две сет-топки при резултат од 6-5, а потоа и во тајбрејкот, по што го освои сетот со 10-8. Халеп имаше шанса за израмнување, меѓутоа ги загуби последните два гема на свој сервис и остана без посакуваното финале.

Битката за титулата во женска категорија е закажана за сабота, со почеток во 09:30 часот наутро.

- Оглас -

Најнови вести