Првата ѕвезда на САД победата над Иран ја прослави во болница (Фото)

Кристијан Пулишиќ, репрезентативецот на САД кој го постигна голот што ја однесе неговата селекција во осминафиналето, наместо да се радува на победата над Иран, заврши во болница.

Пулишиќ при постигнувањето на голот за триумф над Иран од 1:0 во 38-мата минута, се судри со противничкиот голман Алиреза Бејранванд, по што остана да лежи на теренот.

Иако успеа да го доигра првото полувреме, тој на паузата беше заменет бидејќи се жалел на вртоглавица.

https://twitter.com/FOXSoccer/status/1597715315139280896?s=20&t=eVs_T0DTs3WIKa0p7SOlTw

Поради тоа, наместо да го следи второто полувреме од клупата, Пулишиќ бил пренесен во болница на детални прегледи, од каде се огласи преку социјалните мрежи.

„Толку сум е**но горд на овие момци. Нема потреба од загриженост, ќе бидам подготвен за натпреварот во сабота“, напиша Пулишиќ.

САД во осминафиналето ќе игра против Холандија, а натпреварот е закажан за 3 декември од 16 часот.

- Оглас -

Најнови вести