Само до пред една година, фудбалското првенство на Саудиска Арабија беше тотално непознато за најголем дел од фудбалските фанови во Европа. Сепак, кога точно пред една година Кристијано Роналдо реши да ја прифати понудата да потпише за тимот на Ал-Наср, се случи фудбалски бум во оваа арапска земја.
Во 2023 година голем број докажани фудбалери се преселија во Саудиска Арабија, па така сега низ терените во оваа земја, покрај Роналдо, играат и Бензема, Нејмар (се повреди), Канте, Фабињо, Мане, Митровиќ, Брозивиќ, Миленковиќ-Савиќ, Лапорте, Телјес, Вајналдум, Марез…
Според сегашните правила во Саудиска Арабија дозволено е максимум да има осуммина странски фудбалери во тимот, но се очекува оваа бројка да биде зголемена. Според најавите, ќе биде дозволено да има дури по 10-мина странски играчи на теренот во една екипа и според челниците на тамошниот фудбал, тоа го сметаат како добар потег затоа што ќе се зголеми популарноста на лигата.
Ако тоа се случи, може да се очекува и во следната 2024 година, најпримамливо првенство за преселба да биде тоа во Саудиска Арабија.