Новиот светски првак во кошарка ќе биде Шпанија или Аргентина, а кој и да триумфира во неделното финале, сосема заслужено ќе се искачи на врвот, бидејќи без пораз ќе дојде до највиското место на подиумот.
Пред почетокот на првенството, Србија беше спомнувана како главен фаворит за првото место, Србите планираа победа во финалето над САД, но во четвртфиналето потфрлија и нашите северни соседи и Американците.
Испадна дека пласман во финале обезбедија двете селекции кои ја совладаа Србија на Мундобаскетот во Кина. Шпанците први го „начнаа“ тимот на Ѓорѓевиќ, а Аргентинците го докрајчија, и го исфрлија од битка за медал.
Аргентина првпат ќе игра финале на СП по онаа 2002 година кога први успеаја да победат тим на САД составен од НБА играчи, но потоа загубија финале од СР Југославија. Првите честитки дојдоа од еден од најдобрите аргентински кошаркари на сите времиња, Ману Џинобили:
Gracias por estar y acompañar @manuginobili. pic.twitter.com/mhlGgVXQKv
— CAB (@cabboficial) September 13, 2019
Погледнете и како се славеше во соблекувалната. Немаше фрлање канти, туку само пеење песна.
¡Festejo en el vestuario! pic.twitter.com/zJZyxJuBX7
— CAB (@cabboficial) September 13, 2019