Богата беше програмата во МЛС лигата, а ноќта донесе и први голови на Хеунг-мин Сон и Томас Милер откако летово се преселија таму.
На средбата помеѓу Далас и Лос Анџелес ФК која заврши со резултат 1-1, стрелец за тимот од Лос Анџелес беше Сон. Тоа беше прв гол на Кореецот во МЛС, а има и две асистенции. Погодокот на довчерашната ѕвезда на Тотенхем беше мајсторски, од слободен удар.
Легендата Милер минатата недела имаше деби во дресот на Ванкувер и даде гол кој му беше поништен, а на вториот настап даде гол од пенал и тоа во последните секунди, а победа над Сент Луис од 3-2. Голот на Милер беше дури во 14-тата минута од судиското продолжение.
Играше и Интер Мајами кој без Лионел Меси и Жорди Алба, ремиираше 1-1 против Ди Си Јунајтед.
Ова е првиот гол на Кореецот Сон за Лос Анџелес:
Son Heung-min’s first MLS goal ⭐️
(via @MLS)
— B/R Football (@brfootball) August 24, 2025