Први октомври е посебен датум за Кристијано Роналдо, ќе сака да даде гол

Екипата на Баер Леверкузен, која од 21 часот му гостува на Јувентус, има причина плус да стравува од Кристијано Роналдо. Португалецот денеска прославува 16-годишнина откако првпат заигра на еден натпревар од групна фаза во Лигата на шампионите (претходната сезона играше за Спортинг во квалификациите за ЛШ).

На 1 октомври 2003 година, Манчестер јунајтед загуби од Штутгарт со 1-2, а тогаш талентираниот и уште недокажан Роналдо си најде место во составот на Алекс Фергусон. Роналдо имаше 18 години и 238 дена, а ги одигра сите 90 минути и изнуди пенал, кој го реализираше Руд ван Нистелрој. На истиот меч, деби во ЛШ имаше и бекот Филип Лам, кој подоцна се прослави во Баерн.

Денеска Роналдо е прв стрелец во историјата на ЛШ со 126 гола, прв е со пет титули (четири со Реал Мадрид и една со Манчестер), единствен е што погодувал на 11 меча по ред, а рекордер е и по бројот на голови во една сезона (17 гола во сезоната 2013/14).

- Оглас -

Најнови вести