9.8 C
Skopje
среда, 5 ноември 2025

Први порази за Реал и ПСЖ, но парижаните нешто друго ги боли повеќе

Ливерпул го победи Реал Мадрид со 1-0, а Баерн Минхен триумфираше во Париз против ПСЖ со 2-1 во двете најголеми дербија вечерва во фудбалската на ЛШ.

За Кралскиот клуб и Светците тоа беа први порази сезонава, откако отворија со три победи по ред. Од друга страна, прва победа извојува Монако кој со 1-0 беше подобар од Бодо/Глимт.

Атлетико Мадрид го победи Ројал унион Сен Жилоа со 3-1, Јувентус и Спортинг ремизираа 1-1, (Јуве уште нема победа по четири кола), исто како и Олимоијакос со ПСВ. Најубедлив беше Тотенхем кој со 4-0 го разби Копенхаген.

На „Енфилд“, Ливерпул втора сезона го победува Реал, а повторно клучен човек и стрелец беше Мекалистер.

Баерн остана перфектен сезонава со победи на сите мечеви, го совладаа и ПСЖ со два гола на Луис Дијас кој имаше груб фаул над Хакими за кој беше исклучен. Мароканецот со солзи го напушти теренот, стравувајќи дека има тешка повреда поради која може да му биде загрозено учеството на СП кое почнува за околу седум месеци. Поради повреда излезе и „Златната топка“ Дембеле, па и со човек плус на терен во цело второ полувреме, ПСЖ не успеа да избегне пораз.

- Оглас -

Најнови вести