28.8 C
Skopje
вторник, 22 јули 2025

Први проблеми во Барселона: Големата ѕвезда не е среќна со потписот на Рашфорд

Трансферот на Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед во Барселона е завршена работа. Оваа недела ќе бидат извршени медицинските прегледи, а потоа ќе следи и официјализација на позајмицата.

Сепак, шпанскиот „Ел Национал“ пренесува дека не се сите среќни во Барселона со трансферот на Рашфорд. Англичанецот игра на левата крилна позиција, но одлично се снаоѓа и во нападот, а токму таму се очекува да добива поголема шанса од Ханси Флик.

Тоа му пречи на Роберт Левандовски, една од најголемите ѕвезди на Барселона, бидејќи смета дека сега ќе има многу помала минутажа.

 

- Оглас -

Најнови вести