Први жестоки криткики за Роналдо, и тоа од легенда на Манчестер јунајтед

Кристијано Роналдо и неговиот тим Манчестер јунајтед разочараа против Евертон играјќи 1:1, а Португалецот беше цел на критики, и тоа од негов некогашен соиграч.

Гери Невил, кој сега работи како стручен коментатор, имаше жестоки реакции кон Роналдо.

„Роналдо се лути кога не е стартер, а исто така се лути и кога нема да даде гол, но некои работи треба да останат во соблекувалната, а не тие да бидат изнесени пред јавноста.

Таквото однесување донесува притисок врз тимот, а особено врз тренерот Солскјер. Мора да сфати дека нема да ги игра сите натпревари и дека нема да дава на секој од нив погодоци, тоа ако не се реши во соблекувалната, може да прерасне во голем проблем“, изјави Невил.

Откако се врати кај Црвените ѓаволи, Роналдо има пет погодоци на шест одиграни средби.

- Оглас -

Најнови вести