Специјално од Сиде, Турција
Трајан Маневски
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ деновиве е во работна посета во Турција, односно Анталија. Ова атрактивно туристичко место е базата на неколку македонски клубови за подготовки во пресрет на започнување на пролетниот дел од сезоната.
Омерагиќ претпладево беше во базата на Тиквеш од Кавадарци и тој беше првиот од неколкуте клубови кои треба да бидат посетени.

Вечерва, Омерагиќ се појави и во хотелот во Сиде каде што е сместена експедицијата на Вардар. Првиот човек на Црвено-црните, Миленко Неделковски е домаќин на Омерагиќ, а во нивно друштво е и стратегот на Вардар, Гоце Седлоски, кој од неодамна беше назначен и за нов селектор на македонската репрезентација.

Во Анталија престојуваат и екипите на Пелистер, Силекс, Шкендија и Струга.

