21.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Првиот човек на ФИФА е презадоволен: Светското клупско првенство направи голем успех

Првото издание на Светското клупско првенство во овој нов формат со 32 екипи, вечерва ќе го добие планетаниот победник. Пари Сен Жермен и Челзи ќе играат во борба за трофјот, а во пресрет на финалето, претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино смета дека ова натпреварување постигнало многу голем успех.

„Светското клупско првенство направи огромен успех. Се зборуваше дека тоа ќе биде финансиска катастрофа, а ние генериравме две милијарди долари приходи, или 33 милиони по натпревар. Не постои друг спортски настан во светот што може да генерира таков приход по натпревар. Натпреварите на стадионите ги гледаа два и пол милиони навивачи, или 40.000 по натпревар. Само англиската Премиер лига има подобар просек на гледаност“, рече Инфантино, а потоа зборуваше и за тоа кои беа недостатоците на ова натпреварување.

„Имаше и недостатоци, екстремната топлина дефинитивно е проблем. Но, исто е и во остатокот од светот, имавме таков проблем минатата година за време на Олимписките игри во Париз. Сепак, за време на натпреварите, играчите имаа паузи за разладување и освежување“, додава првиот човек на Светската фудбалска федерација.

- Оглас -

Најнови вести