Претседателот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Габриеле Гравина, призна дека имало очигледна судиска грешка на мечот меѓу Милан и Болоња, кој заврши со триумф на домашниот тим од 1:0. Во финишот на мечот, главниот судија досуди пенал за Росонерите откако Кристофер Нкунку беше фаулиран во шеснаесетникот. Судијата првично досуди пенал, но одлуката беше поништена откако интервенираше ВАР-системот.
Одлуката предизвика негодување кај домаќините, а тренерот Масимилијано Алегри заработи црвен картон за неговата реакција. Сепак, дека правична била реакцијата на Росонерите и дека пенал требало да има, потврди и првиот човек на италијанскиот фудбал, Гравина.
„Тоа е очигледна грешка. Но, кога зборуваме за технологија, мора да истакнеме дека се движиме напред, а не назад. Технологијата значително ја намали стапката на грешки – само погледнете колку често судиите без неа имаа сомнежи и бараа потврда“, изјави Гравина за Радио Анчио Спорт.
За среќа на Милан, поништениот пенал не влијаеше на конечниот резултат. Ветеранот Лука Модриќ го постигна единствениот гол во натпреварот во којшто тимот на Алегри ги освои трите бода. Следниот викенд Милан ќе игра против Удинезе, кој е во одлична форма.