Првиот човек на италијанскиот фудбал: Се плашам од Македонија!

Помалку од 20 дена останува до дуелот во Палермо меѓу Италија и Македонија, во полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство во Катар, а претседателот на Италијанската федерација, Габриеле Гравина, вели дека е уплашен.

Гравина во изјава за италијанските медиуми откри дека многу се плаши од дуелот против Македонија.

„Од што се плашам во плејофот за пласман на Светското првенство? Од првиот меч, тој секогаш е најтежок. Ќе ни биде потребна целосна концентрација за дуелот против Македонија. Тоа е добар тим кој има добри резултати. За останатото ќе размислуваме по 24 март, односно по мечот против Македонија“, рече Гравина.

Италија како актуелен европски првак ќе ја пречека Македонија на стадионот во Палермо, а победникот од овој меч ќе игра во финалето на плејофот со подобриот од дуелот Португалија – Турција.

- Оглас -

Најнови вести