Првиот човек на Ла Лига тврди дека Барселона само на еден начин може да го врати Меси

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, им објасни на челниците на Барселона, што мора да направат за да го вратат Лионел Меси на „Камп Ноу“, и неговите зборови нема да им се допаднат на навивачите на каталонскиот тим.

Поради проблемите со финансискиот фер-плеј, Ла Лига не и дозволува на Барселона да потпише со Меси и по две години да го врати на „Камп Ноу“.

„Барселона добро знае што треба да направи и ги знае правилата кои мора да ги следи за да го исполни планот за изводливост. Тие се свесни за тоа. Не знам дали ќе биде Меси или некој друг, но за Барселона да потпише со некој фудбалер, други играчи мора да си заминат и тоа е едиствен начин“, изјави Тебас.

Лионел Меси по завршување на сезоната во Лига 1, ќе си замине од ПСЖ и како можна дестинација покрај Саудиска Арабија и Интер Мајами, се споменува и Барселона.

- Оглас -

Најнови вести