Првиот човек на Примера дивисион се закани: Ако треба, ќе ја исфрлиме Барселона во понизок ранг

Претседателот на шпанското фудбалско првенство, Хавиер Тебас, изјави дека е подготвен да ја исфрли Барселона во понизок ранг доколку се докаже дека клубот не работел според правилата и прописите во „случајот Негреира“.

Тебес вели дека нема ништо против ако Барселона биде исфрлена во понизок ранг, но само доколку Судот го прогласи овој клуб за виновен во случајот според кој биле плаќани судски совети на некогашниот челник на Судиската комисија, Жозе Марија Енрикес Негреира.

„Долг е патот до одлуката за овој случај. Уште е во фаза на истрага, но можно е клубот и директорите да бидат прогласени за виновни. Апсолутно сè е можно. Ако судијата одлучи дека има вина, тогаш Барселона ќе ја снајде тоа што го снајде Елче пред неколку години. Санкциите не се моја одговорност“, вели Тебес, кој никогаш не криел дека е навивач на Реал Мадрид, но дека евентуалната одлука за таква драстична казна за Барселона не би била поврзана со ништо друго освен одлуката од Судот.

„Точно е дека сум навивач на Реал Мадрид, но не сум фанатик“, рече Тебес.

Барселона, заедно со Реал Мадрид и Атлетик Билбао, се единствените три клуба кои досега никогаш не испаднале од Примера дивисион.

- Оглас -

Најнови вести