7.8 C
Skopje
четврток, 12 февруари 2026

Првиот човек на УЕФА: Ова е победа на фудбалот

Европската фудбалска куќа (УЕФА) заедно со Европската клупска асоцијација (ЕКА) и Реал Мадрид постигнаа историски договор со кој се става крај на проектот за Суперлига и сите поврзани правни спорови. Повеќе од два месеца интензивно траеја преговорите и договорите, за конечно да се постигне целта и да се врати единството во европскиот фудбал.

Овој договор доаѓа во пресрет на 50-тиот Конгрес на УЕФА кој деновиве се одржува во Брисел, а на којшто учествуваат сите членки на Европската фудбалска куќа. Денеска ќе се знаат и групите за новото издание во Лигата на нации, каде Македонија од Б сегментот ќе ги чека своите ривали. Повеќе детали за ждрепката може да прочитате ТУКА.

Александер Чеферин кој е претседател на УЕФА, воодушевен е.

„Во свет кој се фрагментира, фудбалот продолжува да нè обединува со заеднички јазик. Затоа, обединети во различноста, важи не само за Европската Унија, туку и за фудбалот. Лидерите доаѓаат и си одат, но фудбалот продолжува, сезона по сезона. Фудбалот не може да се купи или продаде; тој им припаѓа на сите. Затоа иднината на европскиот фудбал е светла“.

Тој призна дека е среќен поради постигнатиот договор, кој носи мир во европскиот фудбал. 

„Воодушевен сум што Реал Мадрид и Барселона повторно се придружија на нашето семејствоИмавме некои несогласувања со Флорентино Перез, но никогаш не ја изгубивме меѓусебната почит и никогаш не ја изгубивме нашата љубов кон овој спорт. Само фудбалот победи, и никој друг. Драг Насер, ти беше инструментален во сè што се случи“, рече Чеферин. 

Првиот човек на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, кој воедно е и претседател на ЕКА и член на Извршниот комитет на УЕФА беше еден одо оние кои одиграа клучна улога како посредник меѓу Реал Мадрид и УЕФА.

„Горд сум и многу среќен. Сакам да им се заблагодарам на сите, на сите страни вклучени во овој историски договор. На претседателот на УЕФА, кој прави толку многу секој ден за европскиот фудбал, најинтелигентниот и најскромен лидер. И, секако, на Флорентино Перес, многу елегантен и интелигентен човек, тој е визионер“, рече Ал-Келаифи во изјава за шпанскиот весник „Марка“.

Ал-Келаифи, кој во ЕКА е предводник на 820 клубови од цела Европа, додава дека со овој договор нема поразени, туку само победнички страни. „Ако некој мисли дека Флорентино Перес денеска загуби, тој е глупак и не знае апсолутно ништо за фудбалот. Најважно тука е дека никој не загуби, има само победници. Фудбалот победи и тоа е најважното“, потенцира Ал-Келаифи.

- Оглас -

Најнови вести