Првиот човек на Реал „не е од овде“, прашува кој е тој Мбапе, „не знае“ ни кој е Алфонсо Дејвис (Видео)

Навивачи на Реал Мадрид синоќа на паркингот во салата на Реал го начекаа претседателот на клубот Флорентино Перез, и сакаа да се фотографираат со него, а еден од нив ја искористи приликата да го праша првиот човек на Кралскиот клуб за трансферите на Алфонсо Дејвис и Килијан Мбапе.

Но, одговорите кои ги доби овој фан беа неочекувани и станаа хит на социјалните мрежи.

„Мораш да го донесеш Дејвис“, му вели навивачот на претседателот на Реал, на што Флорентино Перез одговори: „Дејвис? Кој е Дејвис?

Работата не застана тука бидејќи веднаш потоа фанот му кажа „Со Дејвис и Мбапе ќе освоиме сè“, а потоа го прашува дали доаѓа Мбапе.

„Мбапе? Кој е Мбапе?“, иронично рече Перез, кој не сакаше да открие ништо.

- Оглас -

Најнови вести