Првиот човек на Серија А со предлог: Треба да го воведеме тениското правило за ВАР

Претседателот на италијанската Серија А, Лоренцо Касини, е со предлог да се промени ВАР-системот кој веќе некое време се користи во фудбалот. Касини верува дека треба да биде направена промена и ВАР-системот да биде користен како што тоа го прават во тенисот.

„Верувам дека треба да разговараме за подобрување на ВАР-технологијата. Треба да размислуваме за нешто какво што имаме во тенисот. На тој начин ќе овозможиме секоја екипа сама да бара преглед на спорна ситуација, но ако трипати направи грешка, веќе ќе нема можност за користење ВАР. Мислам дека на тој начин мечевите ќе станат поотворени и мислам дека нема да се губи многу време како сега“, рече Касини.

- Оглас -

Најнови вести