Првиот човек на Црвена ѕвезда бара стадионот „Рајко Митиќ“ да биде урнат

Треба да се урне популарната „Маракана“ во Белград и на нејзино место да се изгради нов, модерен стадион на кој Црвена ѕвезда би ги играла своите натпревари како домаќин, смета генералниот директор на Црвено-белите, Звездан Терзиќ.

Терзиќ смета дека неговите зборови кажани на Собранието на клубот не биле точно интерпретирани и појаснува дека клубот не планира изградба на нов стадион кај белградскиот аеродром, туку само тренинг-центар и дека стадионот „Рајко Митиќ“ ќе остане таму каде што е сега.

„Останува само дилемата дали треба да се реконструира стадионот како што бараат дел од навивачите или да го урнеме и да изградиме нов. Според мене, поевтино, поцелисходно и пофункционално е да го урнеме и да да изградиме нов“, рече Терзиќ.

Најголемиот стадион во Србија е изграден во далечната 1963 година, вкопан е во земја и Терзиќ смета дека ако клубот сака да се развива и да има поголеми приходи, им треба нов модерен стадион со комерцијални содржини кои сега ги нема.

- Оглас -

Најнови вести