Јувентус и Бенфика се европски гиганти кои низ историјата по двапати успеале да бидат на тронот на Европа и да го освојат најзначајниот клупски трофеј во Европа. Вечерва овие два клуба ќе водат битка за освојување на три бода во групната фаза од Лигата на шампионите, а дуелот се игра во Торино.
Италијанскиот гигант е домаќин, но е и под притисок дека мора да брка триумф затоа што во првото коло загуби од ПСЖ, додека Бенфика освои три бода против ПСЖ. Можно е токму двата дуели на овие екипи да реши за патникот во нокаут-фазата во ЛШ.
Во изминативе 10 години овие два гиганти одиграле четири средби меѓу себе, а Јувентус нема ниедна победа. Три средби завршиле нерешено (двапати 1:1 и еднаш 0:0), а Бенфика еднаш се радувала со 2:1. Јувентус последен пат славел над Бенфика во март далечната 1993 година со 3:0, што значи дека речиси 30 години чека на триумф.
Ако верувате дека Јувентус ќе победи, а за домаќините гол ќе постигне Душан Влаховиќ, коефициентот е одличен (3.55). Може да се комбинира со победник на мечот и стрелец дури со десетмина фудбалери. Првиот гол да биде всушност автоголот, квотата е 18.
Традицијата во последните четири меча вели дека на три од нив на полувремето немало погодоци, односно дека првиот гол може да биде постигнат дури во второто полувреме. Доколку верувате дека оваа традиција ќе продолжи, коефициентите за минутата кога ќе биде првиот гол во Sport Life се одлични.
Може да се обложите и на вкупниот број удари во рамките на голот на двата тима, а комбинацијата Јувентус да добие пенал, а Бенфика црвен картон е со квота 12.