Еквадор го постигна првиот гол на Мундијалот, а стрелец од пенал беше Енер Валенсија.
Соиграчот на Езџан Алиоски од Фенербахче го изнуди и го реализира ударот од белата точка во 16. минута.
Претходно Еквадор постигна гол и во третата минута во главната улога беше Валенсија, но беше поништен поради офсајд.
За жал на домаќините на Мундијалот, потоа примија регуларен гол од пенал.
Ова е премиерниот меч на Светското првенство, кое ќе се игра во Катар до 18. декември.