17.8 C
Skopje
сабота, 27 септември 2025

Првиот гол на Шешко за Манчестер јунајтед беше пиров

Брентфорд го совлада Манчестер јунајтед со 3-1 во првиот денешен премиерлигашки меч.

Игор Тијаго со два голови во првите 20 минути им донесе убедлива предност на Пчелите. Јунајтед намали со првиот гол на Бенјамин Шешко, Словенецот го имаше својот седми настап за клубот.

Во 76-та минута беше досуден пенал за Јунајтед, но Кехелер го одбрани шутот на Бруно Фернандеш. За ирскиот голман тоа е четврти одбранет пенал во кариерата, а му шутнале седум пенали, што е одлични 57 проценти успешност.

Инаку, домашните имаа среќа што Нејтан Колинс не доби црвен картон за прекршокот над Мбуемо со кој направи пенал. Судиите на терен и во ВАР собата проценија дека Мбуемо немал контрола врз топката.

За тимот од Манчестер ова е трети пораз во шест кола сезонава.

- Оглас -

Најнови вести