Американската МЛС-лига го прогласи најубавиот гол кој бил постигнат во регуларната сезона и изборот не падна на некој од многуте голови на Лионел Меси, кој беше прв стрелец, туку број 1 е голот на Кореецот Хеунг-мин Сон на 23 август на мечот против Далас.
За Сон тоа беше прв погодок во дресот на Лос Анџелес ФК и покажа дека е мајстор кој ќе биде супер засилување за тимот.
Погледнете го перфектниот слободен удар на поранешниот крилен играч на Тотенхем за кој Сон и беше награден:
Free kick perfection. 💫
Son Heung-Min’s strike is the @ATT Goal of the Year! pic.twitter.com/lsF6tsN2fT
— Major League Soccer (@MLS) October 27, 2025

