Првиот гол на „Стемфорд Бриџ“ традиционално не е пред 45 минута

Челзи е домаќин на Манчестер јунајтед во дербито на колото во Премиер лигата. Лондонскиот тим сезонава дома има три победи и едно реми без пораз, но сепак кога игра против Црвените ѓаволи традицијата не им е баш наклонета. Во последните 11 меѓусебни дуели, Челзи има само една победа против денешниот ривал и тоа на гости. На „Стемфорд Бриџ“ домашните фанови на триумф против Манчестер јунајте последен пат се радувале во мај 2018 година и тоа на дуел од ФА Купот.

Ако се погледна последните 10 средби, дури на седум имало максимум два погодоци, односно било „сиромашно“ со голови. Последните четири меча завршиле без победни (два пати 1:1 и два пати било 0:0). Традицијта вели дека на последните шест средби, првиот гол не е постигнат пред 45 минута, што значи дека вреди да се брка опцијата дека една од двете мрежи прв пат ќе се затресе во вториот дел.

Обамејанг е прва опција за стрелец на првиот гол, додека во отсуство на суспендираниот Кристијано Роналдо, главен адут за гостите треба да бидат Ентони и Бруно Фернандеш.

Може да одиграте и на прв или последен корнер, дали ќе има црвен картон и дали ќе има пенал за една од двете екипи.

- Оглас -

Најнови вести