-10.2 C
Skopje
петок, 2 јануари 2026

Првиот гол треба да биде до 30-тата минута, Барселона не губи на „Диего Марадона“

Кога меѓу себе играат шампионите на Италија и Шпанија, тоа секогаш е најава за возбудлив дуел. Наполи на „Диего Армандо Марадона“ е домаќин на Барселона, во дуел на два тима кои се гордеат што во своите редови го имале аргентинскиот виртуоз, кој сега го носи името на стадионот во Неапол.

Во изминтиве пет години, Наполи и Барселона имаат одиграно шест меча. Два беа од пријателски карактер (победи на Барса со 2:1 и 4:0), два во Лигата на шампионите (победа на Барселона со 3:1 и реми 1:1) и два во Лигата на Европа (победа на Барселона со 4:2 и реми 1:1). Според овие резултати, головите не треба да изостанат и тоа во мрежите на двата тима.

На последните четири меѓусебни дуели, првиот гол се постигнува во првите 30 минути. Осимен кај Наполи и Левандовски кај гостите се главни фаворити да го постигнат првиот погодок на мечот. Дури 14-мина играчи се во оваа понуда за стрелец, а интересно е дека дури 20 е квота за првиот погодок всушност да е автогол.

Тука се и комбинациите да се погоди стрелец и тим победник на средбата, како и тоа каков би бил фиксот на одредени интервали.

Во Специјалниот сингл понудата стандардно е и статистиката, па може да одиграте за бројот на изведени корнери, покажани жолти картони или офсајди. Возбудливо ќе биде и за игрите на вкупно удари во рамките на голот или вкупно удари кон головите на двата тима.

Да има пенал за Наполи, коефициентот е 4.20, а иста е квотата и за гостите да шутираат од белата точка. Дури 7 е квотата за црвен картон, а комбинацијата црвен картон за едниот тим, а пенал за другиот е дури коефициент 12.

- Оглас -

Најнови вести