Првиот избор на НБА-драфтот го откажа настапот на СП

Првиот избор на НБА-драфтот кој се одржа минатата недела, Виктор Вембанјама, изјави дека нема да игра на претстојното Светско првенство, бидејќи сака да се подготви за дебитантската сезона во најсилната лига на светот.

„Се надевам дека селекторот и луѓето во Француската федерација ќе ме разберат. Сакам да освојам што е можно повеќе трофеи со репрезентацијата на Франција, но сметам дека неучеството на СП е разумна жртва за мојата кариера. Сакам што подобро да бидам подготвен за првата сезона во НБА и морам да внимавам и на здравјето. Поради тоа сметам дека ова е вистинскиот и единствен разумен потег“, изјави Вембанјама.

Светското првенство ќе се игра од 25 август до 10 септември во Јапонија, Индонезија и Филипини.

- Оглас -

Најнови вести