Првиот меч од колото на бесплатната Спортска прогноза е од 15.30 часот, типувајте!

Остануваат само уште неколку часови за да ги комплетирате типовите за 26-тото коло на бесплатната Спортска прогноза на Sport Life и Спортманија.

Можноста за прогнозирање завршува во 15.30 часот денеска, кога ќе започне првиот меч од понудата, а тоа е дуелот од Бундеслигата А меѓу Келн и Бохум.

Помеѓу 13-те натпревари од основната понуда има неколку дербија. Денеска ќе биде жешко на „Олимпико“ во Рим, а 71 отсто од прогнозерите сметаат дека Рома ќе го совлада Лацио.

Предност на домаќиннот во градско дерби му се дава и на Спортинг против Бенфика во Лисабон. Над 60 отсто играчи на Спортска прогноза типуваат кец на Спортинг.

Од утрешните дербија, Ренџерс е фаворит на поголем број прогнозери отколку Селтик, како и Ливерпул против Манчестер јунајтед. Најголема доверба прогнозерите имаат во Јувентус, дури 86,6 отсто сметаат дека Старата дама ќе ја победи Фиорентина.

Прогнозерот што ќе погоди Тринаесетка ќе може да си одбере по сопствен избор една од трите понудени награди од Sport Life:

Смарт Тв Самсунг 55” 4K,

Електричен Тротинет,

Сони Плејстејшн 5

Играта е бесплатна, се што ви треба е да имате СЛ картичка, која исто така е бесплатна и може многу брзо да се добие на сите шалтери на Sport Life.

Sport Life ги наградува и утките, па со 12 погодени парови во следува ваучер од 1.000 денари, а со 11 погодоци добивате ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести