Во НБА лигата се одиграа 11 натпревари и сите ќе се пресметуваат и во НБА купот, а неколку се издвоија по нешто специфично. НБА купот ќе се игра секој петок до 28-ми ноември, а потоа ќе има и во вторник и среда, завршницата е од 9-ти до 16-ти декември.
Најубедлива беше Минесота која дома ја растури Јута со 137-97, веројатно гостите не успеаја да се прилагодат на чудните услови за игра и жолто-зелената боја на подлогата чиј отсјај пречеше во очите на играчите и предизвика многу шеги на социјалните мрежи.
Сан Антонио ја доби тексашката битка против Хјустон со 121-110, Јанис Адетоку би со 41 поен е најзаслужен што Милвоки му го нанесе вториот пораз на Чикаго сезонава, а Голден стејт без Стеф Кари не можеше да му се спротивстави на Денвер. Нагетс победи со 129-104, а на Никола Јокиќ му фалеа по еден скок и асистенција за трипл-дабл. На овој меч се случи и потегот на вечерта, атрактивно забивање на Арон Гордон откако претходно „му ја скрши кичмата“ на својот чувар.
AARON GORDON ANKLE BREAKER & POSTER 🤯🔥 pic.twitter.com/GqtClFMiX2
— Bleacher Report (@BleacherReport) November 8, 2025

