По девет сезони во НБА-лигата, Џереми Лин одлучи да се пресели во Кина, земјата од каде што потекнуваат неговите родители. Американецот со кинеско потекло во новата сезона ќе ги брани боите на Пекинг дакс.
Лин своевремено беше меѓу најомилените играчи во НБА-лигата откако импресионираше во дресот на Њујорк никс во 2012 година. Оттогаш започна неговата „Линсенити“ популаризација, но набрзо потоа неговата кариера постепено одеше кон заборав.
Минатата сезона стана првиот Американец со азиско потекло кој ја освоил шампионската титула, како член на Торонто репторс. Триесет и едногодишниот плејмејкер ќе биде соиграч со поранешен европски првак Екпе Удо, кој со Фенербахче ја освои Евролигата во 2017 година.