Првиот од домаќините стартуваше според очекувањата

Еден од домаќините на 26-тото Светско првенство во ракомет, репреезнтацијата на Германија славеше убедлива победа над Кореја со 30-19 на стартот од шампионатот. Фаворитот очекувано триумфираше над обединетата селекција на Јужна и Северна Кореја, а победникот веќе беше познат уште по првите 30 минути.

Фантастичен натпревар одигра Уве Генсхајмер, кој реализираше седум погодоци од осум обиди, но за играч на натпреварот беше избран Андреас Волф, голманот на домаќинот, кој бранеше само во првото полувреме и запиша 15 интервенции.

Германија за два дена ќе игра против Бразил, додека Кореја ја очекува дуел со Русија.

Во 20:15 часот ќе започне вториот меч од денешната програма, на кој ќе настапи вториот домаќин на ова СП, селекцијата на Данска, а нивен предовник е Чиле.

- Оглас -

Најнови вести