Првиот пик на овогодинешниот НБА драфт, Виктор Вембањама покажува дека одлично се снаоѓа во новата улога. Високиот Французин е дел од тимот на Сан Антонио, а утрово одигра одличен меч по кој неговиот тим славеше со 120:104 против Мајами хит.
Вембањама мечот го заврши со 23 поени, а имаше и по четири скока и асистенции, за само 23 минути поминати на теренот. Речиси берфектен беше за два поени погодувајќи девет од 10 шутеви, но за три поени реализираше само еднаш од пет шута.
https://twitter.com/i/status/1713009757403984134
Интересно беше и во Лос Анџелес каде играа Лејкерс и Годен Стејт. На крајот победија гостите со 129:125. Џонатан Куминг со 26 поени беше најефикасен кај гостите, а одлични беа и Стеф Кари со 18 поени и Мозес Муди со 15 поени.
Кај Лејкерс најефикасен беше Таурен Принс со 17 поени, а еден поен помалку постигна Остин Ривс. Лејброн Џејмс мечот го заврши со 12 поени.