Првиот пик од НБА-драфтот блесна во дебито на претсезонските дуели (Видео)

Сан Антонио спарс загуби со 122:121 во првиот претсезонски дуел во НБА од Оклахома, но резултатот беше во втор план. На овој меч дебитираше првиот пик на драфтот, Виктор Вембањама.

Се работи за 224 сантиметри високиот Французин кој игра на позиција крилен центар, а често знае да се извлече на надворешната позиција и да постигне тројка. Вембањама одигра одличен меч и само за 19 минути поминати на теренот постигна 20 поени. Погоди две тројки, имаше пет скока, украде две топки, а имаше и една блокада.

Освен Вембањама, во фокусот на спротивната страна беше Чет Холмгрен. Тоа е играчот кој Оклахома го одбра како втор пик на драфтот во минатата сезона, но целата претходна сезона ја пропушти поради повреда. Холмгрен постигна 21 поен, а имаше и седум скока.

- Оглас -

Најнови вести