Во кошаркарската НБА лига вечерва се играат 10 натпревари, првите два почнуваат во 21.30 часот, а точно на полноќ по македонско време стартува дербито на вечерта, дуелот на најдобрите две екипи во Источната конференција.
Кливленд кавалирс е домаќин на Бостон селтикс, а победникот од овој меч ќе биде лидер на табелата на Истокот. Коњаниците имаа спектакуларни 15 победи по ред во првите 15 меча, но паднаа во формата, веќе наредија три порази на последните пет меча и ако загубат и вечерва, остануваат без првото место.
Според квотите во Sport Life, актуелниот првак Бостон е благ фаворит за победа на овој меч на кој сигурно ќе има голема борба.
Инаку во Sport Life може да се обложите и на број на поени на дури 111 различни кошаркари кои ќе настапат вечерва.