Првиот стрелец на досегашниот дел од ЕП, си договори трансфер

Монако постигна вербален договор за личните услови со напаѓачот на Мец и грузиската репрезентација Гиорги Микаутадзе, објави познатиот новинар Фабрицио Романо.

Клубот од малото кнежевство испратил понуда и до Мец за трансфер на 23-годишниот Грузиец. Монако сака да го комплетира трансферот пред крајот на ЕВРО 2024 година.

Микаутадзе минатата сезона одигра 20 натпревари во фреанцуската Лига 1 на кои имаше учинок од 13 голови и 4 асистенции. На ЕВРО 2024, тој засега е прв стрелец со три гола, постигнувајќи по еден гол на секој натпревар од групната фаза. Порталот Трансфермаркт ја проценува неговата вредност на 15 милиони евра.
- Оглас -

Најнови вести