-3.2 C
Skopje
четврток, 1 јануари 2026

Првиот трансфер во Премиер лигата во 2026 година ќе го реализира Брајтон

Најпознатиот светски инсајдер Фабрицио Романо доцна синоќа го објави првиот голем трансфер во зимскиот преоден рок.

Имено, со неговото прочуено „here we go“, Паскал Грос на последниот ден од 2025 година договори трансфер од Борусија Дортмунд во Брајтон, со што искусниот играч од средниот ред се враќа во клубот во кој претходно остави силен белег.

Триесет и четиригодишниот германски фудбалер, познат по својата сестраност и можноста да покрие повеќе позиции на десната страна од теренот, во наредните 48 часа ќе ги помине лекарските прегледи, по што и официјално ќе потпише договор со англискиот клуб. Тоа ќе биде првиот трансфер во Премиер лигата во 2026 година.

Грос во изминатиот период го носеше дресот на Борусија Дортмунд, но враќањето во Брајтон претставува враќање во средината во која ги помина најдобрите години од кариерата и стекна статус на еден од клучните играчи на клубот.


Се очекува неговото искуство и лидерство да бидат од големо значење за екипата во продолжението од сезоната.

- Оглас -

Најнови вести