Првите голови на Нејмар сезонава, Бразилецот ги прослави без да се радува

Нејмар е вистински кошмар за Бордо, редовно им дава гол(ови) на секој меѓусебен дуел, а традицијата продолжи и вечерва, со два погодоци на Бразилецот во првото полувреме. ПСЖ со неговите голови води со 2-0, а ова се први голови за Нејмар сезонава во француската лига. При двата гола, асистент беше Килијан Мбапе.

За Нејмар заврши најдолгата серија без постигнат гол откако игра во ПСЖ, но тој не се радуваше многу. Головите ги посвети на пејачката Марилија Мендонса која му беше блиска пријателка, а вчера загина во авионска несреќа.

- Оглас -

Најнови вести