За Лионел Меси заврши 2024 година на фудбалски план откако Интер Мајами беше елиминиран во плејофот на МЛС-шампионатот. Меси веќе една и пол сезона е дел од тимот на Интер Мајами, клуб кој од дното во американскиот фудбал го донесе до пиедесталот и веќе има освоено и трофеи.
Челниците на Интер Мајами се задоволни од Меси, па претседателот на клубот Жорге Мас, најави дека аргентинскиот виртуоз очекува да остане во екипата до 2026 година.
„Убедени сме дека Лионел Меси ќе биде дел од тимот и во 2026 година“, рече претседателот на Интер Мајами.
Меси, кој има 37 години, не планира во скоро време да оди во фудбалска пензија, а многумина очекуваат тој да ја предводи Аргентина и на Светското првенство, кое во 2026 година ќе се игра во САД, Канада и Мексико. Аргентина е актуелен бранител на мундијалскиот трон.