Првите мечеви во Италија ќе бидат на 27 и 28 мај и нема да бидат од првенството

Италија повеќе од еден месец е без фудбал, а според најавите, полека може да започнат подготовките за нови возбудувања во најпопуларниот спорт во светот. Медиумите на Чизмата предвидуваат дека фудбалските возбудувања ќе се вратат на крајот од мај.

Најавите се дека првите мечеви ќе бидат од Купот на Италија, каде што треба да се дознаат финалистите во ова натпреварување. Милан и Јувентус одиграа 1:1 на првата средба во Милано, а Наполи со 1:0 го победи Интер на гости. Реванш-средбите се најавуваат да се одиграат на 27 и 28 мај.

Се очекува на 3 мај да завршат строгите мерки во Италија и од следниот ден да започнат и тренинзите, а веќе на крајот од месецот да има и фудбал. Првите мечеви од Серија А по пандемијата од Коронавирусот се очекуваат да се одиграат на 30 и 31 мај.

Планот е да се играат натпревари на секои три дена и на тој начин сезоната да се комплетира до средината на јули, најдоцна до почетокот на август.

- Оглас -

Најнови вести