Новак Ѓоковиќ денеска по 23 пат триумфира на грен слем турнирите, откако во финалето на Ролан Гарос, во три сета со 7:6,6:3,7:5 го совлада Каспер Руд, и во шампионскиот говор по мечот имаше моќна порака за децата.
One of the best speeches after winning a grand slam
Special achievement, special speechNEVER GIVE UP#RolandGarros #RolandGarros2023 #Djokovic #NovakDjokovic
— Vaibhav Sharma (@vaibhav_4x) June 11, 2023
„Ви благодарам на сите за оваа посебна атмосфера, ова е неверојатен момент во мојата кариера. Навистина е посебен, ова е еден од најголемите моменти во мојата кариера поради 23-та грен слем титула.
Можеби е случајно што ја освоив токму тука во Париз, бидејќи овој турнир отсекогаш ми бил најтежок. Затоа сум сега толку емотивен. Многу работи се случија надвор од теренот. Моите деца се тука и секогаш се трудам да им испратам пораки од кои можат да научат. Имав седум години кога почнав да играм тенис и сонував да го освојам Вимблдон. Сега сум тука, со 23 грен слем титули, многу повеќе отколку што се надевав. Секогаш се трудев да ги визуелизирам работите и однапред да ги планирам. Имам една порака до децата: Заборавете што се случило, мислете за иднината. Земете ги работите во свои раце, верувајте и создавајте“, изјави меѓу другото Новак Ѓоковиќ во шампионскиот говор од теренот на „Филип Шатрие“.