Македонската репрезентација води со 2-0 против Исланд, а стрелец на вториот гол е Езџан Алиоски. Популарниот Џани беше асистент при првиот погодок на Дарко Велковски, па засега е прво име на натпреварот во Рејкјавик.
До крајот на средбата има уште околу половина час, и ако не се случи нешто непредвидено и голем пресврт, Македонија би требало да слави победа.