Прво Буфон, па сега и Матиќ го „нокаутира“ Роналдо

Голманската легенда Џанлуиџи Буфон имаше можност две сезони да игра во Јувентус заедно со Кристијано Роналдо. Во тој период Буфон го запозна Роналдо подобро како играч, а голманот вели дека и покрај тоа што Португалецот е одличен фудбалер, поради неговото доаѓање, Јувентус ја загубил препознатливата ДНК.

„Не можев да си ја објаснам елиминацијата од Ајакс во четвртфиналето на ЛШ. Со Роналдо играв две години и имавме многу добар однос, меѓутоа мислам дека со неговото доаѓање, се уништи препознатливата ДНК на Јувентус што ја имавме во претходните години“, вели Буфон.

Роналдо три сезони беше дел од Јувентус, но не успеа да го одведе тимот ниту до финалето на ЛШ, што беше главна цел на клубот. Дури во последната година од играњето на Роналдо во Јувентус, Старата дама остана и без титулата во Серија А, со што беше прекината деветгодишна доминација.

Буфон не е единствен што му нанесе удар на Роналдо. Немања Матиќ вчера упати провокација за Кристијано откако на тренинг-мечот на Манчестер јунајтед победи тимот на Србинот, а тој на Роналдо загуби.

„Ова е победнички тим, Роналдо дали си добро?“, беше пораката од Матиќ упатена кон Кристијано.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nemanja Matic (@nemanjamatic)

- Оглас -

Најнови вести