Ракометарите на Алкалоид вечерва од 20.45 часот во Логроњо ќе играат против Ла Риоха, во рамките на второто коло во Лигата на Европа.
Алкалоид загуби на европското деби, минатиот вторник во СЦ „Јане Сандански“ беше поразен од Војводина (26:31), додека шпанскиот тим беше поразен на гостувањето кај Силкеборг со 34:25 и вечерва една од екипите ќе ги освои првите бодови.
Дуелот со Војводина покажа дека на младиот тим на Алкалоид му недостасува искуство, едно се дуелите во Суперлигата, а сосема нешто друго мечеви во Европа, но слабиот старт на сезоната на Ла Риоха (две победи, едно реми и четири порази во шпанската лига) им влева надеж на избраниците на Кирил Лазаров дека имаат шанси за поволен резултат иако квотите се на страната на шпанскиот тим.
Квотата во Sport Life за триумф на Ла Риоха изнесува 1.20, додека таа за победа на Алкалоид е 6.00.
За вечервашниот дуел Лазаров направи една измена во тимот, Дамјан Митев е меѓу 16-те ракометари, додека отпадна Дарио Кофиловски.