Франција го освои златниот медал на Еврпското ракометно првенство за жени, совладувајќи ја репрезентацијата на Русија во финалето со конечни 24-21. За домаќинот на овогодишниот шампионат, ова беше прво учество во финалната пресметка и веднаш стигнаа до златото.
Французинките воедно им се реваншираа на Русија за поразот на стартот од првенството во групната фаза.
Откако првото полувреме припадна на „триколорките“ со минимални 13-12, во текот на вториот дел Франција ја одржуваше предноста од два до три гола, предност која на крајот им ја донесе посакуваната победа.
Претходно Холандија стигна до третото место и бронзен медал, откако ја совлада Романија со 24-20.